22/08/2017

IPN-LIKE, УНИКАТНА И ПАТЕНТИРАНА ТЕХНОЛОГИЈА

Сите хијалуронски филери се со вмрежена структура за да се спротистават на природното разградување и да се задржат подолго во кожата. Прво се создадени бифазни гелови кои содржат хијалуронска киселина од неживотинско потекло. Втората генерација се монофазни гелови, но веќе во 2007 година, VIVACY ја патентира IPN-Like технологијата (InterPenetrated Cross-Linked Networks), напреден процес за вмрежување на хијалуронска киселина, па така настануваат третата генерација-Stylage хијалуронските филери, монофазни гелови што содржат хијалуронска киселина од неживотинско потекло, кои во својот состав се вмрежени со антиоксиданс-Манитол.

Благодарение на напредниот инжинеринг на VIVACY LABОRATORIES, IPN-Like технологијата резултира со безбеден, долготраен продукт за сите видови на брчки и типови на кожа. Има оптимизирана еластичност за лесно моделирање или промена на формата, дури и за деликатните регии како носот, слепоочниците и дланките. Истовремено има и висока виско-еластичност за добар пополнувачки капацитет и природни, естетски резултати благодарение на неговиот измазнувачки ефект.

Споредбено со класичното крос-линковачка техника, IPN-Like технологијата, вклучува и комбинирање, нанесување една врз друга, две монофазни молекули на Хијалуронската Киселина, кои претходно се прочистени и крос-линковани, а воедно се и механички независни, со што гелот е лесен за инјектирање, а со самото тоа, зголемената густина на оваквиот начин на крос-линковање има потреба од помалку BDDE (Крос-линковачки агенс) и го прави подолготраен.

*долготрајноста на третманот и филерот зависи од индивидуални фактори, како на пример структурата и типот на кожата на пациентот, годините, животниот стил, местото на апликација и техниката на боцкање на докторот.

   Интерпенетрација на Крос-Линкованите мрежи:

  • Ја оптимизира густината на хемиските врски додека истовремено ја минимизира употребата на BDDE агенсот во самиот монофазен гел, а воедно и генерира зголемен (remanence).
  • Ја зачуввува независноста на партикулите на интер-пенетрираните мрежи, со што постојано  гарантира лесна апликација за што попрецизна процедура.
  • Гарантирана е и конзистентноста на продуктот, како и неговото одржување во самиот шприц поради слабите врски (Хидрогенски и Електростатски врски).
  • Овозможува идеална апликација на гелот во соодветните слоеви на кожата.

   Што е Крос-Линковање?

Крос-Линковањето е процес што ги спојува молекулите со цврсти ковалентни врски, со што се овозможува бавна деградација на продуктот (без крос-линковање, разградувањето на Хијалуроснката Киселина после интрадермална апликација би било комплетно после некоку дена). Така доаѓаме до заклучок дека што повеќе е крос-линкован продуктот, толку подолго останува во кожата и ја задржува својата компактност. Но, станува и потежок за инјектирање. Крос-Линковањето кај Stylage се прави со помош на веќе добро познатиот агенс BDDE, или ButaneDiol Diglycidyl Ether, што во медицината се користи повеќе од 20 години.

Биоразградлив продукт

STYLAGE дермалните филери се состојат од ултра-провиден и транспарентен гел од крослинкована хијалуронска киселина. Гелот е бикомпатибилен и подоцна се врзува со самото ткиво. Се работи за повремен имплант кој се биоразградува од страна на механизмите на самото тело, па затоа после одреден период, филерот целосно исчезнува од местото каде е аплициран.

Заклучок?

IPN-Like технологијата на STYLAGE овозможува да се креира дермален филер кој има својства како ниеден друг филер на пазарот. Имено, оваа технологија овозможува подобра бикомпатибилност и побавна деградација на филерот и покрај тоа што се употребува помалку BDDE врзувачки агенс, што всушност филерот го прави истовремено и доволно цврст за да остане подолго на местото каде е аплициран, но воедно и полесен за апликација. Сето ова е резултат на специфичното врзување на двете механички независни молекули  со помош на водородни и електростатски врски, како и на револуционерниот анти-оксиданс Манитол за кој ќе дознаете нешто повеќе во следниот пост.

 

Пациенти