04/09/2017

Како антиоксидансите влијаат на долготрајноста на филерот

Манитолот е уште еден додаток кој го прави Stylage поразличен од сите други дермални филери. Тоа е вид на шеќер кој е вграден во самиот филер и има за задача да делува како антиоксиданс.

При интрадермална апликација, при самото движење на иглата се предизвикува воспалување на кожата. Потоа започнува процес на ослободување на слободни радикали, кои заедно со хијалуродиназата, се одговорни за деградацијата на дермалните филери. Слободните радикали, освен на деградацијата на дермалните филери, исто така се едни од главните причинители за уништување на келиите на кожата а воедно и нејзино стареење. При инјектирање, молекулите на Хијалуронската Киселина се првите што би биле нападнати од страна на слободните радикали, со што постепено инјектираниот филер се губи брзо и резултатите би биле краткотрајни.

Со додавањето на Манитолот (антиоксиданс што го има во овошјето, зеленчукот и во некои други растенија) во филерот на Stylage , се успорува пост-инјектирачкиот, разградувачки ефект на слободните радикали. Тоа значи дека има моментален и долготраен резултат бидејќи продуктот не е разграден во периодот после апликацијата. Тоа значи дека многу малку филер бидува разграден при првичната реакција на кожата после инјектирањето.

Едногодишното, клиничко следење на резултатите после апликацијата на првата Stylage инекција, докажува дека измазнувачкиот ефект и ефективноста на третманот, надгледуван и од докторите, и од пациентите е константен и многу успешен, а воедно и квалитетот на самата кожа значително подобрен.

Манитолот е исто така и термички стабилизатор, што помага во одржувањето на стабилноста  и физичко-хемиските одлики на Stylage гелот во шприцот при негово складирање на собна температура (Stylage дермалните филери имаат термичка издржливост до дури 62 степени).

Пациенти