09/11/2017

Карактеристики, индикации и препораки за апликација на Stylage филерите

 

ПОПОЛНУВАЊЕ И ИЗМАЗНУВАЊЕ НА БРЧКИТЕ.

STYLAGE S, M и L

  • Корекција на фините линии и површинските брчки (околу очите, носот,устата)
  • Пополнување на средно длабоки и длабоки назо-лабијални брчки, измазнување на збрчкани и виснати делови, марионетни линии, брчки на образите, чело, корекција на линијата на носот и подигање на врвот на носот, корекција на формата на ушната школка.
  • Подмладување на дланките вклучувајќи и третман на губитокот на волумен на задната страна од дланките.

Како резултат на природниот тек на стареење , кожата ја губи својата природна еластичност и на нејзината површина почнува да се забележува појавата на првите брчки. Со тек на времето брчките стануваат подлабоки и се појавуваат линии кои не се естетски. Како резултат на тоа, лицето изгледа изморено, обесено и не зрачи.  Време е да се стави крај на процесот на стареење!

                 

УНИКАТЕН ФИЛЕР ЗА СЕКОЈА ТРЕТИРАНА ОБЛАСТ,  STYLAGE Classic линијата е специфично дизајнирана да го подобри изгледот на површинските линии (STYLAGE S) и на средно длабоки и длабоки брчки (STYLAGE M и L). По внимателна персонализирана анализа на лицето, докторот ќе може да го одреди најдобриот избор на STYLAGE третман базиран на Вашите потреби, состојбата на кожата, возраста, животниот стил и длабочината на брчките.

Контраиндикации, препораки и мерки на претпазливост : консултирајте го Вашиот доктор пред отпочнување на процедурата.

 

КОРЕКЦИЈА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА УСНИ

STYLAGE SPECIAL LIPS

  • Зголемување на волуменот на усните.
  • Дефинирање на контурите на усните и нивна корекција
  • Корегирање на диспропорционална големина на горна и долна усна.
  • Редукција на периоралните или пушачки линии над горната усна
  • Обновување на хидратацијата на усните (третман за црвени суви усни) 

     

Симетрични и полни усни се карактеристични за младешка привлечност. Усните ја достигаат својата потполна исполнетост на почетокот на 20тите години. Како старееме, природните супстанции кои ја одржуваат структурата и волуменот на кожата, како што се колаген и хијалуронска киселина, се намалуваат. Ова, заедно со влијанието на надворешните фактори, како шро се изложеноста на сончеви зраци, пушењето и сл., се заедно продонесува кон стареење на усните и формирање на брчки. Со текот на времето и краевите на усните се опуштаат надоле оставајќи впечаток на намуртеност. Обликот на горната усна, познат како Купидонов лак, почнува да се исправува и почнува да се губи изгледот на полни усни и волумен.

 

РЕМОДЕЛИРАЊЕ НА ЛИЦЕ И ОБНОВУВАЊЕНА ВОЛУМЕНОТ

STYLAGE XL и XXL

 

 

 

 

  • Обновување на изгубениот волумен на лицето.
  • Обновување на лицевите контури.
  • Зголемување на областа на јаболчниците.
  • Третман на средно тешка до тешка опуштеност на лицето (висење на кожата)

 

Како што старееме, лицето не ја губи својата привлечност само заради појавата на брчки. Губитокот на волумен е една од најочигледните форми на стареење на лицето предизвикано од гравитацијата, ремоделирање на коските, редистрибуција и губење на поткожните масти, хормонален дисбаланс, хронична изложеност на сончеви зраци, пушење и други фактори.

 

                         

STYLAGE XL и XXL се инјекции кои содржат хијалуронска киселина специфично создадени за обнова на волуменот на Вашето лице, кој се губи со текот на времето, и овозможува хармонизирачки баланс на карактеристиките на лицето преку враќање на контурите на образите, јаболчниците, брадата и линијата на долната вилица за поисполнет, помек и помлад изглед.

 

Контраиндикации, препораки и мерки на претпазливост : консултирајте го Вашиот доктор пред отпочнување на процедурата.

 

 

 

Пациенти