27/09/2018

Специфичен Естетски Пристап Во Фацијалните Регии

Почитувани колеги,
Веледрогерија и Едукативен Центар ,,Орто Дента Ес” со големо задоволство и чест ве повикува на едукација на тема:

СПЕЦИФИЧЕН ЕСТЕТСКИ ПРИСТАП ВО ФАЦИЈАЛНИТЕ РЕГИИ ЗА ПРИРОДЕН ИЗГЛЕД

Котизација: 60 евра – рана котизација до 10.10.2018 – 50 евра
Жиро сметка: 300000003459250 – Комерцијална Банка- Цел на дознака: За едукација
Специјална промоција на производите за присутните на предавањето!

ЛОКАЦИЈА:

Bushi Resort & Spa
Kjurchiska 21, Самоилова, Скопје 1000

ДАТУМ И ВРЕМЕ:

Сабота, 27 Октомври 2018 во 09:00 – 17:00 ч.

АГЕНДА:

09:00-09:30 Регистрација на учесници
09:30-09:35 Поздрав на гостите

Camille Nadal
09:35-10:00 Презентација на VIVACY laboratories ,, Адаптациони механизми на апликација на Stylage рангирано според васкоскулптурата на лицевата регија”
Prof. Dr. Jean Pierre Amseleem

Теоретски дел:

10-10:45 Специфични индикации за употреба на канила при апликација на хијалуронските филери. Канила или игла? Карактеристики на канилите . Предности и недостатоци при употреба на канила.

10:45-11:30 Совети и трикови за комплетен, минимално инвазивен , face lifting. Најдобри алтернативни техники , осетливи лицеви регии и предности на минимално инвазивниот face lifting.

11:30-12:00 Кафе пауза

12:00 – 12:45 Современ тренд, употреба на хијалуронските филери кај машката популација. Грижата за естетиката кај машката популација на се повисока стапка. Како да ги исполниме нивните очекувања и оствариме нивните естетски желби со помош на хујалуронските филери.

12:45-13:45 Чувствителни фацијални регии. Начин на пристап со хијалуронските филери кон почувствителните фацијални регии, окуларната и носната регија.

Предности од комбинирани техники на третман во естетската медицина – лифтинг и мезотерапија.

13:45-14:30 Ручек

14:30-16:00 Презентација на модели

16:00 Доделување на сертификати

Prof. Dr. Jean Pierre Amseleem
Роден 04.04.1952
1973 Медицински факултет при универзитетот во Бордо; 1981 Thesis; 1982-1992 Professional poste BORDEAUX UNIVERSITY II; 1992 MEDICAL mission/ Romania; 1997 Специјализација по Естетска Медицина (Париз).

Публикации:
2009 Книга: ,,Убавината е во масното ткиво”
AFME -2011 Векторски фејс лифтинг

Едукатор на следниве теми:
1996 – Липопластика на тело (Pessac); 1998-Цервико-фацијална липопластика; 1999- Третирање на бори на кожата (AFME) ; 2001- Глобални третмани на лице; 2003-2008 – Конгреси во Парис, Мадрид и Лос Анџелес.

Професионален предавач на многу конгреси и семинари од 1994 па наваму, од кои поважни се: 2008 AFME : DYSPORT конвенционални и неконвенционални третмани; 2009 Конгрес во Монако ; 2009 Конгрес во Ванкувер ( Липофилинг со игла); 2010 Конгрес во Александрија; 2010 (Лион) AFME Ангуларна риномодулација; 2010 ( Mадрид) говорник на тема Lipofilling, Lipoplastic, опасни зони и разбирање на механизмите на стареење за да се создаде убавина; 2011 (Истанбул) Конгрес за Естетска Хирургија; 2011 (Париз) AFME ; 2012 (Монако) Ангуларна риномодулација; 2012 (Барселона) Vivacy : Како да креираме убавина, векторски 3D лифтинг; 2013 (Париз) IMCAS Рејувенација на мандибулата и вратот и демонстрација на модели; 2013 (Флорида) Fat transfer.

Специјализации во липопластика/ липоструктура, липополнење, лифтинг со мезонити, сите видови на anti-agening третмани, трансплантација на коса, амбулантска флебектомија, блефаропластика.

Настани, Новости