23/01/2019

Напреден Курс за апликација на Хијалуронски Филери

Почитувани,

Веледрогерија и едукативен центар Орто Дента Ес на голема чест и задоволство Ве поканува и оваа година да се дружиме на врвни и извонредни курсеви за апликација на хијалуронски филери. Едукативниот центар ОртоДента Eс повеќе години практикува едукација на доктори на принцип “Expert to expert”.

Овој едукативен настан е наменет за сите дентални професионалци кои се насочени кон денталната естетика, односно е наменет за доктори по стоматологија и дентална медицина, доктори специјалисти по ортодонција и орална хирургија и сите оние кои се вљубеници во убавото, притоа применувајќи нехируршки, неинвазивни техники со совршени резултати. Инспирирани и мотивирани од желбата за вечна убавина, Vivacy Lab ги вложува своите научни ресурси во пронаоѓање на производ кој во целост ќе ги надмине сите останати во однос на чистотата, природниот состав, квалитетот и ефикасноста, корелирано со задоволството кај клиентите, притоа збогатувајќи го светскиот пазар со Stylage хијалуронските филери. Филерите се биокомпатибилни, лесно се инкорпорираат во ткивата, лесно апликативни и збогатени со антиоксиданс манитол. Познавањето на тајните на естетиката и нивното применување во секојдневната стоматолошка пракса ќе Ви овозможи следење на современите дострели кои ги достигна естетската стоматологија и медицина, и секако да уживате во креирање убавина и среќа кај вашите пациенти. Внимателниот избор на теми, како теоретски основи и практични вештини со кои ќе навлезете во барањата кои ги поставува современата естетика, го прави овој едукативен курс уште позначаен. Се надеваме дека ќе го привлечеме Вашето внимание и ќе Ви овозможиме да ја внесете оваа млада гранка од стоматологијата во секојдневната стоматолошка пракса. Нашата едукација е склоп од два основни модули, основен и напреднат, а секој од овие модули се состои во теоретски и практичен дел.

НАПРЕДЕН – ADVANCED КУРС

Теоретски дел:
Теоретскиот дел од овој модул се состои од запознавање со типовите и составот на хијалуронските филери кои постојат и како да го одбереме најдобриот при нашата работа, современите концепти на работа со хијалуронските филери, апсолутни и релативни индикации и контраиндикации за употреба на истите, припрема на полето за работа, техники на апликација на филерот, особено фокусирајќи се на употребата на канила при апликација на истите, предности и недостатоци при работа со канила, избор на техника и густина на филер за различни делови од фацијалната регија, несакани ефекти, компликации и како да се справиме со истите.

Практичен дел:
Работа на пациенти за чие пронаоѓање ќе се погрижиме ние. Целта на практичната работа е секој од присутните доктори самостојно да аплицира филер во секоја лицева регија. После секој сработен пациент се води мала дискусија во однос на употребената техника, алтернативните можни решенија и разјаснување на пројавените нејаснотии при работата.

Водителка на курсот ќе бидат Др. Марина Столиќ, специјалист по Пластична Хирургија од Белград, која несебично и во целост ќе ве внесе во светот на естетиката и совршенството.
За подетални информации обратете се на телефонските броеви 078 284 783, 078 425 327 или на меил boban.stojanoski@ortodentaes.mk и olivera.terzieva@ortodentaes.mk.

Настани, Новости