29/01/2019

Ортодонтски курс – DAMON STARTER

Почитувани,

Веледрогерија и едукативен центар Орто Дента Ес на голема чест и задоволство Ве поканува и оваа година да се дружиме на врвни и извонредни Damon курсеви, на кои ќе можете секогаш да научите нешто ново, да размените искуства и да поминете квалитетно време со врвни експерти.

Едукативниот центар ОртоДента Eс повеќе години практикува едукација на доктори на принцип “Expert to expert”. Овој едукативен настан е наменет за сите дентални професионалци кои се насочени кон денталната естетика, односно е наменет за доктори специјалисти по ортодонција кои сакаат класичната, конвенционална ортодонтска терапија да ја заменат со нешто ново, посовремено, побезбедно и со одлични резултати.

Креирајте убави и широки насмевки, насмевки кои ќе го освојат светот! Блеснете од задоволството на вашите пациенти, овозможете им третман кој користи континуирани, умерени и благи сили кои овозможуваат придвижување на забот со целата своја должина, третман без рецидиви, скоро неекстракционен и сето тоа за 30% пократко од времетраењето на класичниот третман и контроли на 2-3 месеци, овозможете им терапија со DAMON SYSTEM!

Системот постои веќе 20 години, го користат 4000 ортодонти во светот и досега се третирани 1.500.000 задоволни пациенти. Познавањето на тајните на современата ортодонција и нивното применување во секојдневната стоматолошка пракса ќе Ви овозможи следење на современите дострели кои ги достигна стоматологијата во денешно време. Интердисциплинарниот пристап и преплетувањето на знаењата од различните области како орална хирургија, пародонтологија, ортодонција и секако заботехничките лабораториски аспекти ја прават оваа дисциплина уште попредизвикувачка за совладување.
Внимателниот избор на теми, како теоретски основи и практични вештини со кои ќе навлезете во современиот ортодонтски Damon третман го прави овој едукативен курс уште позначаен. Се надеваме дека двата понудени модули ќе го привлечат Вашето внимание и ќе овозможат да го внесете Damon системот во секојдневната ортодонтска пракса.

Една од главните цели на овој едукативен настан е подобрување на клиничкото знаење и вештини кај ортодонтите, претставени на едноставен начин за да се постигне естетско совршенство во устата на пациентот. Со текот на годините сфативме дека приоритет е и учењето преку размена на различни искуства од секојдневната ортодонтска пракса, па како можност внесуваме и презентирање на сопствени случаи, план на третман, третман како и резултати од спроведениот третман со Damon системот. Се надеваме дека ќе го привлечеме Вашето внимание и ќе Ви овозможиме да го внесете овој систем на благи, континуирани сили во секојдневната стоматолошка пракса.

Нашата едукација е склоп од два основни модули, основен и напреднат, а секој од овие модули се состои во теоретски и практичен дел.

DAMON STARTER КУРС
Теоретски дел
Теоретскиот дел од овој модул се состои од запознавање со основните карактеристики на Damon системот, современите концепти на работа со истиот, индикации за употреба на истиот, припрема на полето за работа, техники на апликација на Damon брекетите, приказ на случаи од секојдневната ортодонтска пракса и решавање на истите.

Практичен дел
Практичниот дел од овој курс се состои од работа на модели, вежбање на техниките на лепење на Damon брекетите, поставеноста на истите и на што треба да обратиме особено внимание. Исто така, практичниот дел опфаќа и работа на пациенти кои се третираaт со Damon системот.

За подетални информации обратете се на телефонските броеви 078 284 783, 078 425 327 или на меил boban.stojanoski@ortodentaes.mk и olivera.terzieva@ortodentaes.mk.

Настани, Новости