19/08/2019

Курс за апликација на Botullinum toxin

Почитувани колеги, Веледрогерија и Едукативен Центар ,,Орто Дента Ес”, со големо задоволство и чест Ве повикува на еднодневена едукација за апликација на популарниот botullinum toxin (ботокс).

По завршувањето на оваа едукација, учесниците ја совладуваат умешноста за употреба на botullinum toxin на лице, како и за примена на истиот во областа на стоматологијата во решавање на “gummy smile” и бруксизам.

Едукацијата започнува со теоретски дел каде што учесниците ќе се запознаат со современите концепти на примена на botullinum toxin (ботокс), како и со апсолутните и релативните индикации, контраиндикации, несакани ефекти и нивна санација.

Во рамките на практичниот дел, докторите ќе имаат прилика самостојно да работат на пациентите и да го применуваат botullinum toxin (ботокс).

По едукацијата учесникот добива интернационално признат сертификат и се стекнува со правото на самостојна работа.

За подетални информации обратете се на телефонските броеви 078 284 783, 078 425 327 или на меил boban.stojanoski@ortodentaes.mk  и elena.temelkovska@ortodentaes.mk

Настани