19/09/2019

ДЕМИСТИФИКАЦИЈА НА СОВРЕМЕНИТЕ ТЕХНИКИ ВО ПРИМЕНАТА НА ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕРИ

Почитувани колеги, Веледрогерија и едукативен центар Орто Дента Ес Ве поканува на едукација на тема: ДЕМИСТИФИКАЦИЈА НА СОВРЕМЕНИТЕ ТЕХНИКИ

ВО ПРИМЕНАТА НА ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕРИ

 

Регистрација 09:00 – 09:30 часот
Датум на одржување: 02.11.2019

Локација: Хотел Double Tree by Hilton, Скопје.
Котизација:
I опција: со купени било кои 3 филери до 20.10.2019 – слободен влез
II опција: рана котизација: 50 евра – до 15.10.2019
Редовна котизација: 70 евра

жиро сметки:
300000003459250 – Комерцијална банка
210068065620105 – NLB банка
Тел. 078 248 783, 078 425 327
Антон Попов 31 лок.4 1000 Скопје

info@ortodentaes.mk

 

9:00 – 9:30 – Регистрација

9.30 – 10:00 – Претставување на фабриката Vivacy Laboratories

10:00 – 10:45 – Горна третина на лице – глабела, темпорална регија и подигнување на веѓи

10.45 – 11:30 – Средна третина на лице – подочници, јагодична и назолабијална регија

11:30 – 12:00 – Медицинска ринопластика – реобликување на нос со хијалуронски филер. Точни анатомско-топографски позиции на горна и долна артерија на нос

12:00 – 12.30 – Кафе пауза

12:30 – 13:00 – Долна третина на лице – Усни,  филозофија на убавина и безбедни техники

13:00 – 13:30 – Контурирање на вилична линија и реобликување на брада

13:30 – 14:00 – Компликации:  диференцијална дијагноза, модрици или заканувачка некроза

14:00 – 14:30 – Незадоволство од сопствениот изглед, темперамент, самодоверба и анксиозност фактори кои влијаат на задоволството на пациентот од крајниот резултат

14:30 – 15:30 – Ручек пауза

15.30 – 17.30 – Презентација на модели

17:30 – Доделување на сертификати

 

Предавач Др Марина Столиќ, Белград.

Пластичен, реконструктивен и естетски хирург.
Доктор на медицински науки во областа на психијатрија.
Интернационален едукатор во областа на естетската медицина и стоматологија, примена на хијалуронски филери, мезотерапија, примена на хемиски пилинзи, примена на факторот за раст, примена на Ботулинум токсин тип А.
Истакнат советник на Академија за кожа – Барселона.
ЕММА, Европска магистратура во областа на естетика и антиејџинг медицина, 2010, Париз.
Основач и директор на Естетско-едукативен центар MEDICA AESTHETICA, Белград, 2009.
Основач на Антиејџинг академија во Србија.
Автор на многубројни публикации.

Професионален едукатор на многу конгреси и семинари од 2012 до сега, од кои поважни се:

14.05.2019, Предавач за Innoaesthetic, на мастер клас во Виетнам.

23.01.2019, Предавач за Innoaesthetic, на мастер клас во Кипар.

26-28.11.2018, Предавач за Innoaesthetic, на мастер клас во Узбекистан.

03-05.07.2018, Key opinion leaders meeting, Barselona.

02.12.2016, Конференција, Жилина, Словачка.

18.11.2016, Сараево, БиХ, Еволуција, принципи и филозофија на апликација на хијалуронските филери STYLAGE.

04-06.04.2013, Светски конгрес за Anti-Ageing медицина, AMWC, Монако.

25-28.04.2013, BaSS (Балканско здружение на стоматолози), Скопје, Македонија.

19-20.10.2012, Конференција на орални хирурзи, Теслич, БиХ.

Настани, Новости