26/11/2019

ДВОДНЕВЕН КУРС DAMON STARTER

Веледрогерија и едукативен центар Орто Дента Ес на голема чест и задоволство Ве поканува и оваа година да се дружиме на врвни и извонредни Damon курсеви, на кои ќе можете секогаш да научите нешто ново, да размените искуства и да поминете квалитетно време со врвни експерти.

Едукативниот центар ОртоДента Eс повеќе години практикува едукација на доктори на принцип “Expert to expert”. Овој едукативен настан е наменет за сите дентални професионалци кои се насочени кон денталната естетика, односно е наменет за доктори специјалисти по ортодонција кои сакаат класичната, конвенционална ортодонтска терапија да ја заменат со нешто ново, посовремено, побезбедно и со одлични резултати.

Креирајте убави и широки насмевки, насмевки кои ќе го освојат светот! Блеснете од задоволството на вашите пациенти, овозможете им третман кој користи континуирани, умерени и благи сили кои овозможуваат придвижување на забот со целата своја должина, третман без рецидиви, скоро неекстракционен и сето тоа за 30% пократко од времетраењето на класичниот третман и контроли на 2-3 месеци, овозможете им терапија со DAMON SYSTEM!

Внимателниот избор на теми, како теоретски основи и практични вештини со кои ќе навлезете во современиот ортодонтски Damon третман го прави овој едукативен курс уште позначаен. Се надеваме дека двата понудени модули ќе го привлечат Вашето внимание и ќе овозможат да го внесете Damon системот во секојдневната ортодонтска пракса.

Една од главните цели на овој едукативен настан е подобрување на клиничкото знаење и вештини кај ортодонтите, претставени на едноставен начин за да се постигне естетско совршенство во устата на пациентот. Со текот на годините сфативме дека приоритет е и учењето преку размена на различни искуства од секојдневната ортодонтска пракса, па како можност внесуваме и презентирање на сопствени случаи, план на третман, третман како и резултати од спроведениот третман со Damon системот. Се надеваме дека ќе го привлечеме Вашето внимание и ќе Ви овозможиме да го внесете овој систем на благи, континуирани сили во секојдневната стоматолошка пракса.

Нашата едукација е склоп од два основни модули, основен и напреднат, а секој од овие модули се состои во теоретски и практичен дел.

Теми:

Прв ден:

-Работа на типодонти

-Дијагноза и план на терапија, разлики во однос на конвенцијална терапија

-Дезартикулација во фронт или бочно – кога и зошто

-Осум правила во Damon system

-Прв лак, поставување стопери, федери и иницијални интермаксиларни гумички

-Приказ и работа на Damon пациенти во различни фази на терапија

Втор ден:

-Избор на торкови за различни малоклузии и малпонирање поединечни заби

-Промена на лаци во различни фази на терапија

-Ланец(chain) преку или под лакот, NiTi Федер, кога и како

-Индикации и начин на примена на интермаксиларни гумички во почетните и подоцните фази на терапија

-Начин на поставување пинови за интермаксиларните гумички – на лакот или на брекетот?

-Грешки во терапија – како да се препознаат и да се решат?

-Прикажување и работа на Damon пациенти во различни фази на терапија

За подетални информации обратете се на телефонските броеви 078 284 783, 078 425 327 или на меил boban.stojanoski@ortodentaes.mk и elena.temelkovska@ortodentaes.mk

Настани, Новости