23/01/2020

Дентален имплантолошки систем CONELOG® by CAMLOG конечно во Македонија

Веледрогерија и едукативен центар ОРТО ДЕНТА ЕС со задоволство Ве поканува на презентација на Денталниот имплантолошки систем CONELOG® by CAMLOG.

Предавач: Martin Green – менаџер за продажба за Југоисточна Европа.

CAMLOG е германска компанија основана во 1994 година која претставува водечки снабдувач на сеопфатни системи и производи за имплантoлошка и ресторативна стоматологија. Производител е на системот за имплантација CONELOG® со конусна конекција кој прв пат успешно е претставен во 2011 година. Системот за имплантација, CONELOG® се заснова на долгогодишно клиничко и лабораториско искуство. Тој е лесен за употреба, конзистентен, протетички ориентиран систем за имплантација, кој е произведен со најнова модерна технологија. Системот за имплантација, CONELOG® во континуитет се развива од страна на тимот за истражување и развој на компанијата во соработка со многубројни клиники и стоматолошки универзитети, па затоа останува во чекор со најновата технологија. Неговата предност е во посебната надворешна геометрија и специфичната хируршка процедура за имплантација. Многу корисници кои користат конична врска на имплант со абатмент многу лесно можат да го прифатат овој системот и да ги искористат неговите предности.

Влезот е бесплатен со претходна резервација на: info@ortodentaes.mk или на телефонските броеви: 078/425-327, 078/284-783 и 078/284-783.

Настанот ќе се одржи во хотел QUEEN’S (Во ТЦ Зебра, Скопје) на 18.02.2020 во 10 часот со вклучена кафе пауза.

Настани, Новости