31/01/2020

Курс за Мезотерапија и Хемиски Пилинзи

ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР И ВЕЛЕДРОГЕРИЈА ОРТО ДЕНТА ЕС ВЕ ПОКАНУВА НА КУРС ЗА МЕЗОТЕРАПИЈА И ХЕМИСКИ ПИЛИНЗИ, КОЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 24.02.2020 ГОДИНА ВО НАШИТЕ ПРОСТОРИИ!

Предавач на курсот е д-р Весна Грујиќ Key Opinion Leader за Inno Aesthetics во регионот и едукатор во првата anti-ageing академија Medica Aesthetica во Србија, со долгогодишно искуство во апликација на мезотераписки коктели и хемиски пилинзи.

Курсот се состои од два дела:
Теоретски дел:
– Мезотерапија како постапка, начини на апликација и мезотераписки коктели кои се употребуваат при третман.
– Хемиски пилинзи, принципи за работа и нивната апликација во секојдневна пракса.
Практичен дел:
– Техниките за апликација на мезотераписки коктели и хемиски пилизи ќе бидат презентирани од страна на предавачот на модели кои ќе ги обезбеди организаторот.
Присутните ќе имаат можност да извршат апликација на мезотераписки коктел со дерма пен.

Курсот е наменет за козметичари и сите други вљубеници на убавото.

Цена за учество на курсот изнесува 250 евра (секој од учесниците ќе добие производи од брендот Inno Aesthetics по сопствен избор во износ од 200 евра.)

По завршување на курсот секој од учесниците ќе добие Сертификат.

За повеќе информации, Ве молиме јавете се на телефонските броеви: 078/425-327, 078/284-783 и 078/284-783.

Настани, Новости