04/02/2020

НАПРЕДЕН ИМПЛАНТОЛОШКИ КУРС ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ИМПЛАНТИ ВО БЕЗЗАБА ВИЛИЦА

Познавањето на тајните на имплантологијата и нивното применување во секојдневната стоматолошка пракса ќе Ви овозможи следење на современите дострели кои ги достигна стоматологијата во денешно време. Денталната имплантологија повеќе од било која друга стоматолошка дисциплина се движи со крупни чекори во свое секојдневно осовременување и поедноставување.
Едукативниот центар Орто Дента ЕС, повеќе години практикува едукација на доктори на принцип Expert to Expert.
Со особено задоволство Ве покануваме да присуствувате на напредниот имплантолошкиот курс „Поставување импланти во беззабна вилица“, кој ќе се одржи на 14 и 15 март 2020 година.

Курсот се состои од два дела и тоа:
Теоретски дел:
– анатомија на вилици, новитети, инцизии и сутури
– основи на имплантација
– план и терапија на комплексни случаи
– очекувани резултати и компликации
Практичен работа на пациент:
– постава на импланти во дистална регија / постава на импланти во фронтална регија.
Практичниот дел на курсот се состои од работа на пациент, што го обезбедува организаторот. Целта на практичната работа е секој од присутните доктори самостојно да постави дентален имплант.

После секој поставен имплант, следува дискусија околу употребената техника и разјаснување на пројавените нејаснотии при работа.

Овој курс е наменет за доктори стоматолози, со предходно искуство во дентална имплантологија.
Со завршување на курсот, секој присутен се стекнува со сертификат.

Предавач:
Др. Слободан Ѓеоригиев – специјалист по орална хирургија, имплантологија и ласерска хирургија од 2011 година. Посетувал најразлични курсеви од областа на стоматологијата и се здобил со сертификати за примена на биостимулирачки ласери и хируршки ласери во стоматологија. Лиценциран доктор за самостојна работа при примена на хијалуронски филери и Botulinum Toxin во лицева естетика, како и мезонишки во лицева регија. Член на Стоматолошка комора на Македонија и Македонска асоцијација на орални хирурзи, член на anti-age Академија на Србија, член на Европска асоцијација на осеоинтеграција, член на SIDI Italia, SUBJECTS OF EDUCATION RESEARCH.

Котизација за учество:
– Опција 1: за поставување на 1 имплант – 700е
– Опција 2: за поставување на 2 импланти – 1000е
За повеќе информации, Ве молиме јавете се на телефонските броеви: 078/425-327, 078/284-783 и 078/284-783.

Настани, Новости