28/02/2020

Дводневен курс DAMON Starter

Веледрогерија и едукативен центар Орто Дента Ес на голема чест и задоволство Ве поканува и оваа година да се дружиме на врвни и извонредни Damon курсеви, на кои ќе можете секогаш да научите нешто ново, да размените искуства и да поминете квалитетно време со врвни експерти.

Едукативниот центар ОртоДента Eс повеќе години практикува едукација на доктори на принцип “Expert to expert”. Овој едукативен настан е наменет за сите дентални професионалци кои се насочени кон денталната естетика, односно е наменет за доктори специјалисти по ортодонција кои сакаат класичната, конвенционална ортодонтска терапија да ја заменат со нешто ново, посовремено, побезбедно и со одлични резултати.

Креирајте убави и широки насмевки, насмевки кои ќе го освојат светот! Блеснете од задоволството на вашите пациенти, овозможете им третман кој користи континуирани, умерени и благи сили кои овозможуваат придвижување на забот со целата своја должина, третман без рецидиви, скоро неекстракционен и сето тоа за 30% пократко од времетраењето на класичниот третман и контроли на 2-3 месеци, овозможете им терапија со DAMON SYSTEM!

Внимателниот избор на теми, како теоретски основи и практични вештини со кои ќе навлезете во современиот ортодонтски Damon третман го прави овој едукативен курс уште позначаен. Се надеваме дека двата понудени модули ќе го привлечат Вашето внимание и ќе овозможат да го внесете Damon системот во секојдневната ортодонтска пракса.

Една од главните цели на овој едукативен настан е подобрување на клиничкото знаење и вештини кај ортодонтите, претставени на едноставен начин за да се постигне естетско совршенство во устата на пациентот. Со текот на годините сфативме дека приоритет е и учењето преку размена на различни искуства од секојдневната ортодонтска пракса, па како можност внесуваме и презентирање на сопствени случаи, план на третман, третман како и резултати од спроведениот третман со Damon системот. Се надеваме дека ќе го привлечеме Вашето внимание и ќе Ви овозможиме да го внесете овој систем на благи, континуирани сили во секојдневната стоматолошка пракса.

Нашата едукација е склоп од два основни модули, основен и напреднат, а секој од овие модули се состои во теоретски и практичен дел.

Теми:
Прв ден:
✔️ Работа на типодонти
✔️ Дијагноза и план на терапија, разлики во однос на конвенцијална терапија
✔️ Дезартикулација во фронт или бочно – кога и зошто
✔️ Осум правила во Damon system
✔️ Прв лак, поставување стопери, федери и иницијални интермаксиларни гумички
✔️ Приказ и работа на Damon пациенти во различни фази на терапија

Втор ден:
✔️ Избор на торкови за различни малоклузии и малпонирање поединечни заби
✔️ Промена на лаци во различни фази на терапија
✔️ Ланец(chain) преку или под лакот, NiTi Федер, кога и како
✔️ Индикации и начин на примена на интермаксиларни гумички во почетните и подоцните фази на терапија
✔️ Начин на поставување пинови за интермаксиларните гумички – на лакот или на брекетот?
✔️ Грешки во терапија – како да се препознаат и да се решат?
✔️ Прикажување и работа на Damon пациенти во различни фази на терапија

Настанот ќе се одвива на 21 и 22 Март од 10 до 15 часот.

За подетални информации обратете се на телефонските броеви 078 284 783, 078 425 327 или пишете на boban.stojanoski@ortodentaes.mk и elena.temelkovska@ortodentaes.mk

Настани, Новости