06/03/2020

ОСНОВЕН КУРС ЗА ХОМЕОПАТИЈА И ИНТЕГРАТИВНА МЕДИЦИНА “Нека сличното се лечи со слично.”

Едукативниот центар Орто Дента ЕС Ве поканува на ОСНОВЕН КУРС ЗА ХОМЕОПАТИЈА И ИНТЕГРАТИВНА МЕДИЦИНА “Нека сличното се лечи со слично.”

Хомеопатијата може да Ви помогне Вас и на Вашите пациенти!

Курсот се состои од два модула кои ќе се одржат на 13, 14 и 15 мај 2020 година и 8, 9 и 10 јуни 2020 година.

Предавач на курсот е Д-р Дора Пачова, доктор хомеопат, магистер по хомеопатска терапија, магистер по психологија од Софија, Бугарија.

На курсот ќе бидат опфатени следните теми:

Хомеопатијата и интегративната медицина во почетокот на 21 век; “CAM” – Комплементарна и алтернативна медицина во Европа, краток историски преглед.
Хомеопатијата како интегративен систем, основни закони и принципи.
Хомеопатска анамнеза и биопатографија.
Техники на земање на анамнеза и запишување.
Прва помош со хомеопатски лекови – општи принципи
Вкупни симптоми. Конституција
Презентација на клинички случаи со примена на хомеопатски лекови.
Хомеопатска анамнеза на акутни случаи – теорија.
Лекување на пациенти со акутни респираторни заболувања и грип.
Земање на анамнеза кај акутни случаи – пракса
Хомеопатски лекови – лековити средства на динамично ниво. Современи теории за механизмот на дејство.
Влијание врз синдромот на болка.
Предиспозиции за појава на болести – Д-р Ханеман “Хронични болести”
Теорија за миазми – вовед. Епигенетика
Шулерови соли – општи принципи за препишување во денталната медицина
Анализа на случаи. Конституционално лечење.
Презентација на случаи.
Интегративен пристап – комбинирање на хомеопатското лекување со други терапевтски методи.

За првпат на нашите простори – хомеопатија во стоматологијата!

За првпат на Балканот ќе имате можност да присуствувате на предавањето на специјалистот за орална и максилофацијална хирургија и специјалист по хомеопатија, Д-р Глорија Фајгелштајн, Бразил.
Д-р Фајгелштајн ќе ги сподели резултатите од нејзината 40 годишна пракса како лекар стоматолог и хомеопат, како и резултатите од нејзините истражувања во оваа област:
– Прва помош со хомеопатијата за алергија или повреда на меките ткива
– Спречување на ефектите од трауматските орални интервенции
– Превенција и контрола на воспалителни процеси
– Терапија за хомеопатско одржување после операцијата
– Помош при емотивни проблеми поврзани со посета на стоматолог
– Решенија кај пациенти со отпорност на антибиотици
– Превенција на патолошки тенденции во усната шуплина кај хронично болни пациенти
– Враќање на минералната рамнотежа кај сериозни хронични заболувања

Предавањето ќе се одржи на 4 и 5 јули 2020 година во Софија, Бугарија

*Предуслов за присуство на предавањето на Д-р Глорија Финкелстеин, е да се има основно познавање на хомеопатија, кое што ние Ви го обезбедуваме со присуство на основниот курс за хомеопатија и интегративна медицина.
*Курсот е наменет за општи доктори, стоматолози, фармацевти.
*Цена на курсот е:
– 200 евра за еден модул
– 300 евра за двата модула

За повеќе информации, Ве молиме јавете се на телефонските броеви: 078/425-327, 078/284-783 и 078/284-783.

Настани, Новости