Како што старееме, лицето не ја губи својата привлечност само заради појавата на брчки. Губитокот на волумен е една од најочигледните форми на стареење на лицето предизвикано од гравитацијата, ремоделирање на коските, редистрибуција и губење на поткожните масти, хормонален дисбаланс, хронична изложеност на сончеви зраци, пушење и други фактори.
STYLAGE XL и XXL се инјекции кои содржат хијалуронска киселина специфично создадени за обнова на волуменот на Вашето лице, кој се губи со текот на времето, и овозможува хармонизирачки баланс на карактеристиките на лицето преку враќање на контурите на образите, јаболчниците, брадата и линијата на долната вилица за поисполнет, помек и помлад изглед.
ПОПОЛНУВАЊЕ И ИЗМАЗНУВАЊЕ НА БРЧКИТЕ
Како резултат на природниот тек на стареење , кожата ја губи својата природна еластичност и на нејзината површина почнува да се забележува појавата на првите брчки. Со тек на времето брчките стануваат подлабоки и се појавуваат линии кои не се естетски. Како резултат на тоа, лицето изгледа изморено и не зрачи. Време е да се стави крај на процесот на стареење!
- Корекција на фините линии и површинските брчки (околу очите, носот,устата)
- Пополнување на средно длабоки и длабоки назо-лабијални брчки, измазнување на збрчкани и виснати делови, марионетни линии, брчки на образите, чело, корекција на линијата на носот и подигање на врвот на носот, корекција на формата на ушната школка.
- Подмладување на дланките вклучувајќи и третман на губитокот на волумен на задната страна од дланките.
КОРЕКЦИЈА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА УСНИ
Симетрични и полни усни се карактеристични за младешка привлечност. Усните ја достигаат својата потполна исполнетост на почетокот на 20тите години. Како старееме, природните супстанции кои ја одржуваат структурата и волуменот на кожата, како што се колаген и хијалуронска киселина, се намалуваат. Ова, заедно со влијанието на надворешните фактори, како шро се изложеноста на сончеви зраци, пушењето и сл., се заедно продонесува кон стареење на усните и формирање на брчки. Со текот на времето и краевите на усните оставаат впечаток на намуртеност. Обликот на горната усна, познат како Купидонов лак, почнува да се исправува и почнува да се губи изгледот на полни усни и волумен.
- Зголемување на волуменот на усните.
- Дефинирање на контурите на усните и нивна корекција
- Корегирање на диспропорционална големина на горна и долна усна.
- Редукција на периоралните или пушачки линии над горната усна
- Обновување на хидратацијата на усните (третман за црвени суви усни)