Што е хијалуронската киселина?

1099

Хијалуронската Киселина е природно апсорбирачки glycosaminoglycan и претставува најзастапениот составен елемент во човековото тело (папочната врвца, окото, синовијалната течност, кожата, итн…) Природно е застапен во дермисот и е есенцијален елемент на структурата на кожата обезбедувајќи и хидратација, еластичност и форма. Хијалуронската киселина може да се спореди со сунѓер-способен да се врзува со водата и да ја задржува во длабоките слоеви. Со оглед на тоа, улогата на хијалуронската киселина е да го одржува присуството на 70% од водата во кожата!

Во останатите делови од телото, нејзината функција е да обезбеди вискозност на течностите што се неопходни за апсорпција на удар( синовијална течност во зглобовите) и за исполнување на празнини (стаклесто тело на окото).

Хијалуронската Киселина е сеприсутен молекул (идентичен за сите живи суштества) што е перфектно прифатен од организмот. Со текот на времето и зависно од индивидуата, нејзината концентрација и квалитет се намалуваат како во кожата, така и во останатите делови од телото каде што е присутна.

Таа може да биде од животиснко потекло или резултат на биоферментација (бактериска ферментација). Лабораторијата VIVACY употребува Хијалуронска Киселина произведена преку биоферментација. Во лабораторијата е подложна на блага хемиска промена (вмрежување, Cross-linking метод) што ја прави постабилна и ги задржува своите карактеристики подолго време. Кога всушност Хијалурноската Киселина не би била хемиски изменета, нејзината трајност би била сведена на само неколку дена. Со вмрежувањето на хијалуронската киселина со помош на IPN-Технологијата, STYLAGE филерите остануваат на местото каде што се аплицирани околу 12 или повеќе месеци, задржувајќи ја првобитната форма.