Како антиоксидансите влијаат на долготрајноста на филерот

660

Манитолот е уште еден додаток кој го прави Stylage поразличен од сите други дермални
филери. Тоа е вид на шеќер кој е вграден во самиот филер и има за задача да делува како
антиоксиданс.


При интрадермална апликација, при самото движење на иглата се предизвикува воспалување
на кожата. Потоа започнува процес на ослободување на слободни радикали, кои заедно со
хијалуродиназата, се одговорни за деградацијата на дермалните филери. Слободните
радикали, освен тоа што се одговорни за деградацијата на дермалните филери, исто така се едни од главните
причинители за уништување на клетките на кожата, а воедно и нејзино стареење. При
инјектирање, молекулите на Хијалуронската Киселина се првите што би биле нападнати од
страна на слободните радикали, со што инјектираниот филер се губи брзо и
резултатите би биле краткотрајни.


Со додавањето на Манитолот (антиоксиданс што го има во овошјето, зеленчукот и во некои
други растенија) во филерот на Stylage , се успорува пост-инјектирачкиот, разградувачки
ефект на слободните радикали. Тоа значи дека има моментален и долготраен резултат
бидејќи продуктот не е разграден во периодот после апликацијата. Што значи дека многу
малку филер би бил разграден при првичната реакција на кожата после инјектирањето.
Клиничко следење на резултатите после апликацијата на првата Stylage инекција, докажува дека измазнувачкиот ефект и ефективноста на третманот, надгледуван и од докторите, и од пациентите е константен и многу успешен, а воедно и квалитетот на самата кожа значително подобрен.

Манитолот е исто така и термички стабилизатор, што помага во одржувањето на стабилноста 
и физичко-хемиските карактеристики на Stylage хијалуронските филери при нивно чување на собна
температура.