Едукативен ценар Орто Дента ЕС

Покрај продажбата на врвни материјали за стоматолошка практика и фацијална естетика, во „Орто Дента ЕС“ едукативниот центар организираме курсеви по ортодонција, орална хирургија и имплантологија, апликација на хијалуронски филери, апликација на ботулинум токсин, апликација на мезоконци и курсеви за мезотерапија и хемиски пилинзи.

До сега се организирани над 50 курсеви за апликација на хијалуронски филери, над 30 курсеви за Botulinum toxin, над 50 ортодонски курсеви и над 20 курсеви за мезотерапија и хемиски пилинзи. На секој од курсевите учество земаат 5 до 6 учесници кои добиваат поддршка од нашите висококвалификувани едукатори.

Нашиот тим

Спец. Д-р Слободан Ѓеоргиев

Специјалист по орална хирургија и имплантологија

Едукатор

Бобан Стојаноски

Менаџер за продажба и едукации

Спец. Д-р Елена В. Ѓеоргиева

Специјалист по ортодонција, лиценциран едукатор за системот Damon

Едукатор

Ивана Димишкова Чункоски

Спец. Д-р Виктор Стефановски

Специјалист по протетика

Едукатор

Партнери

НАСТАНИ КОИ СЛЕДУВААТ

02.06.2025

Третмани со егзозоми и нивно комбинирање со мезотерапии во естетската козметологија


30-31.05.2025

Курс за апликација на хијалуронски филери во уста


10-11.05.2025

Екстракциона терапија; Импактирани канини; Кривини од l, ll и lll ред


26.04.2025

Тренинг за апликација на хијалуронски филери во уста


21.03.2025

Специјализантски курс по ортодонција


Хијалуронски филери

Курсеви за апликација на хијалуронски филери: почетен курс, напредни курсеви, како и курсеви за одредена регија и големи стручни предавања на темата. Курсевите се наменети за доктори од сите области заинтересирани за апликација на хијалуронски филери.

Следен курс: 30-31 Maj 2025

Botulinum toxin

Курсеви за апликација на botulinum toxin наменети за доктори од сите области заинтересирани за апликација на botulinum toxin. По завршувањето на оваа едукација, учесниците ја совладуваат умешноста за употреба на botullinum toxin на лице, како и за примена на истиот во областа на стоматологијата во решавање на "gummy smile" и бруксизам.

Следен курс: 13 и 14 Јуни 2025

Damon курсеви

Почетни и напредни DAMON курсеви наменети за специјалисти и специјализанти по ортодонција. Времето на конвенционалната терапија изминува. Овозможете им на Вашите пациенти третман без рецидиви, скоро неекстракционен, со биолошки благи сили и сето тоа за -30% пократко од времето на класичниот третман,контроли на 2-3 месеци, овозможете им терапија со Damon System!

Следен курс: /

Мезо конци

Курсеви за апликација на мезо конци наменети за дерматолози, пластични хирурзи, стоматолози и доктори кои работат во областа на естетската медицина, кои сакаат да го збогатат своето знаење и начини за целосно моделирање на хармонично лице.

Следен курс: /

ТМД Курс

Курсеви за темпоромандибуларен зглоб - ТМД: дијагноза, со посебен фокус на точниот ефект врз патологијата на виличниот зглоб и положбата на забите и неговото влијание во држењето на телото кај децата, анатомија и патологија, рентген и компјутерска дијагноза, развој на виличните зглобови и малоклузијата што доведуваат до патологија, практични демонстрации и вежби, splint-терапија, hands-on вежби и филозофија зад оваа терапија, oртодонтски третман кај деца и пациенти со ТМЗ патологија и т.н

Следен курс: /

Мезотерапија и хемиски пилинг

Курсеви за мезотерапија и хемиски пилинзи составени од теоретски и практичен дел. Мезотерапија како постапка, начини на апликација и мезотераписки коктели кои се употребуваат при третман. Хемиски пилинзи, принципи за работа и нивната апликација во секојдневна пракса.

Следен курс: 02 Јуни 2025

Импланти

Курсеви за поставување на дентални импланти наменети за орални хирурзи и стоматолози заинтересирани за орална хирургија и имплантологија. Теоретски дел се содржи од анатомија на вилици, новитети, инцизии и сутури, основи на имплантација, план и терапија на комплексни случаи, очекувани резултати и компликации. Практичниот дел се состои од постава на импланти во дистална регија и постава на импланти во фронтална регија.

Следен курс: /

Специјализантски курс

Специјализантски курс по ортодонција наменет за сите специјализанти по ортодонција.

Следен курс: 21 Март 2025