INNOAESTHETICS ®

НАУКА ВО СЛУЖБА НА УБАВИНАТА

 

Innoaesthetics е светски позната компанија во естетската медицина и дермокозметичката индустрија, која обезбедува дерматолошки решенија за третман на секаков вид на промени во квалитетот на кожата.

Компанијата има повеќе од еден век искуство во развојот на фармацевтски формули за подобрување на состојби на кожата како хиперпигментација, акни, стрии, розацеа, лузни, бори, локализирано масно ткиво, целулит и опуштена кожа. Нивните иновативни формулации овозможуваат активните состојки да работат во совршена синергија за постигнување на најдобри резултати со цел исполнување на очекувањата на корисникот.

Секој од производите на Innoaesthetics обезбедува:

  • Ефективни резултати
  • Безбедност и сигурност
  • Добра толеранција
  • Минимална иритација
  • Едноставна апликација

НАЈСОВРЕМЕНА SMART GPS® ТЕХНОЛОГИЈА

Лабораторијата Innoaesthetics има дизајнирано и патентирано целосно иновативна Smart GPS® (Guidance Performance System) технологија која е имплеметирана во нивните производи, која ефикасно ги транспортира и доставува активните состојки до прецизно определен слој на кожата, со што се постигнува максимален терапевтски ефект.

INNO-TDS ® – ТРАНСДЕРМАЛНИ РАСТВОРИ

INNO-TDS трансдермалните раствори се користат за превенција и третман на знаци на стареење на кожата, акни, лузни, розацеа, алопеција, локализирано масно ткиво и отстранување на целулит.

Активните состојки брзо се ослободуваат во целната област, без несакани ефекти.

Трансдермалните раствори на Innoaesthetics се готови стерилни водени раствори, направени без конзерванси кои кожата одлично ги поднесува.

Комбинирањето на трансдермалните раствори со хемиски пилинзи овозможуваат подобрена пенетрација во кожата. Исто така, со комбинацијата на различни трансдермални раствори постигнуваат одлични резултати, а во прилог на нивниот квалитет говори и фактот што трансдермалните раствори на Innoaesthetics се прв избор на едни од најголемите светски експерти во областа на естетската медицина.

INNO-EXFO ® – ХЕМИСКИ ПИЛИНЗИ

INNO-EXFO® хемиските пилинзи го подобруваат изгледот на кожата, ги минимизираат знаците на стареење, даваат посвеж изглед, ја намалуваат хиперпигментацијата и се користат во третман на други проблеми со кожата.

Активните состојки на секој хемиски пилинг делуваат во горните и средните слоеви на кожата со цел да се постигнат оптимални резултати.

ME LINE ® – Производи за третман на хиперпигментација

Производите ME LINE ® се наменети за третман на хиперпигментација, мелано-хематската пигментација, исто така успешно делува на дерматитис, знаци на стареење (бори), акни и оштетувања на кожата предизвикани од сонце.

Хиперпигментација се јавува како резултат на зголемено ниво на меланин поради хиперактивност на меланоцитите, што најчесто е знак за фотостареење на кожата поради прекумерно изложување на сонце.

Линијата ME LINE ® вклучува производи за професионална употреба, домашна нега, закрепнување и хидратација, заштита и контрола, одржување и оптимизација на резултатите, кои се специјално дизајнирани за:

  • Контрола на пигментацијата
  • Намалување на производството на меланин
  • Обновување на кожата
  • Изедначување на тенот на кожата

Активните состојки во линијата ME LINE ® влијаат на сите 3 фази на формирање на меланин, процесите пред синтезата на меланин, за време на синтезата и по синтезата на меланин.

ШТО ЈА ПРАВИ УНИКАТНА ЛИНИЈАТА ME LINE ®?

Ефикасноста на ME LINE ® е клинички докажана. Во клиничка студија во која учествувале 168 учесници со хиперпигментација, знаци на стареење на кожата и акни се добиени следните резултати:

  • Подобрување во 95% од случаите кај пациентите со хиперпигментација
  • Подобрување во 90% од случаите кај пациентите со знаци на стареење
  • Подобрување во 85% од случаите кај пациентите со кожа склона кон акни
  • Подобрување во 65% од случаите кај пациенти со мелано-хематска пигментација

INNO DERMA® – ПРОФЕСИОНАЛНА НЕГА НА КОЖАТА

Линијата INNO-DERMA® содржи комбинација од иновативни активни состојки кои ја обезбедуваат потребната хидратација, нега, регенерација и ревитализација на кожата, активно се борат против хиперпигментацијата, лузни од акни и акни, розацеа, проширените пори, го регулираат лачењето на себум и ја прават кожата совршена.

Оваа козметика е наменета за подготовка на кожата при естетски процедури и постпроцедурална нега, која ги подобрува и продолжува постигнатите резултати.

Производите од линијата INNO DERMA® може да се користат и за секојдневна нега, внимателно ја чистат и негуваат кожата, не ја сушат, промовираат регенерација и подмладување, ја хидрираат кожата и ги намалуваат знаците на воспалителни реакции.

INNO-EPIGEN® – ПРЕМИУМ ПРОИЗВОДИ ЗА НЕГА НА КОЖАТА

INNO-EPIGEN® претставуваат премиум производи за домашна нега кои се направени со посебна Епигенетска технологија. Се користат во третман на бори, хиперпигментации, третман на сува кожа и мрсна кожа како и третман на целулит.

Во својот состав содржат:

  • Епигенетски активни состојки кои придонесуваат за тотална трансформација на кожата, промена од 180 степени за 180 дена. Со нивното дејство ја ресетираат кожата за да се добие нејзината најдобрата верзија.
  • Екстра активни состојки кои делуваат врз постојните знаци на стареење.
  • SMART GPS® систем кој ги транспортираат сите активни активности до нивната специфична цел.

Контакт

Доколку сте заинтересирани за асортиманот на Веледрогерија Орто Дента ЕС, чувствувајте се слободно да стапите во контакт со нашиот тим од продажни експерти.