CARL MARTIN

 

CARL MARTIN GMBH е светски познат бренд за хируршки инструменти, основан во 1916 година.

Од самото основање, Carl Martin е посветен на производство и дистрибуција на висококвалитетни инструменти за стоматологија. Со повеќе од 95-годишно искуство во избор на суровини, развој, обработка и исполнување на барањата за секојдневна употреба во болници, ординации и лаборатории ги направи еден од водечките светски производители на стоматолошки инструменти.

Нивното техничко знаење, користењето на специјализирани машини со автоматизирани производни процеси, постојаното унапредување на процесите, широкото портфолио од повеќе од 2500 производи и континуираниот развој на иновативни инструменти ги издигнаа во еден од водечките и сертифицирани производители во стоматолошкиот сектор во светот. Се користат исклучително квалитетни материјали што ги задоволуваат високите стандарди на клиентите.

Сите производи на Carl Martin ги исполнуваат барањата на ЕУ-директивата 93/42/EWG и се означени со CE-марка. Од воведувањето на нивниот систем за управување со квалитет и првата сертификација според DIN EN ISO 13485 од TÜV Rheinland во 1995 година, ефикасните структури и процесно-ориентираните работни текови претставуваат основа за висок стандард на квалитет. Континуираната контрола на квалитетот, како и годишните надзорни ревизии, гарантираат усогласеност со пропишаните норми.

Во моментов, Carl Martin GmbH поседува сертифициран систем за управување со квалитет според EN ISO 13485:2016. Нивниот систем за управување со ризик е во согласност со ISO 14971 и примената на законот за медицински помагала (MPG).

 

Контакт

Доколку сте заинтересирани за асортиманот на Веледрогерија Орто Дента ЕС, чувствувајте се слободно да стапите во контакт со нашиот тим од продажни експерти.