CONELOG ® by CAMLOG
Совршено вклопување
Camlog е водечки прозводител на премиум системи за забни импланти, реставративни компоненти, регенеративни и дигитални решенија. Долгогодишното научно истражување и развојно искуство, високите стандарди за квалитет, врвниот однос цена-перформанси заснован на партнерство и услугите со додадена вредност ориентирани кон практиката го прават Camlog врвен лидер во имплантологијата. Изборот на системи за имплантација ги зголемува придобивките од самиот производ.
Системот за имплантација CONELOG® се заснова на долгогодишно клиничко и лабораториско искуство. Тој е лесен за користење, конзистентен, протетски ориентиран имплантен систем. Сите производи на CONELOG® имплантниот систем се произведени со најсовремена технологија.
Студиите го поддржуваат имплементирањето на голем број на параметри вклучувајќи ја површината на имплантот, време на имплантација и/или оптоварување на имплантот, примарната стабилност и дизајнот на поврзувањето.
Предностите на CONELOG® имплантниот систем лежат во високопрецизното, длабоко, конусно поврзување на имплант-абатмент. Поставен во ниво на коска, интегрираното префрлање на платформата резултира со одлични клинички резултати во однос на зачувување на коската на гребенот. Интеракцијата на внатрешната геометрија, прецизното производство и другите карактеристики на дизајнот резултираат со подобра стабилност на положбата од другите конусни врски имплант-абатмент.
Правилното позиционирање на абатментот се постигнува лесно и безбедно преку три ламели, која е главна карактеристика на овие импланти и голема предност во однос на ретенција, сигурност и долготрајност. Самозаклучувачкиот конус води до прецизно и антиротациско позиционирање на абатментите.
Имплантите CONELOG се достапни како верзии PROGRESSIVE-LINE и SCREW-LINE.
Придобивки од CONELOG имплантниот систем се :
- Минимизирани микро – движења и супериорна позиционална стабилност, во споредба со другите конусни врски со имплант – абатмент.
- Integrated Platform Switching.
- Прецизно земање на отпечаток без вертикално поместување – vertical fit feature.
- Проширен опсег на индикации со Conelog имплантите во однос на оптимални решенија при избор на должина и ширина на самите импланти.
- Резултати од клинички студии засновани на докази.
Контакт
Доколку сте заинтересирани за асортиманот на Веледрогерија Орто Дента ЕС, чувствувајте се слободно да стапите во контакт со нашиот тим од продажни експерти.