ORMCO
Повеќе од исправени заби
Најреволуционерен производ на светската компанија ORMCO е уникатниот DAMON систем, кој го користат илијадници доктори ширум светот, креиран од прочуениот д-р Двајт Дејмон.
DAMON ортодонскиот систем не само што произведува убави насмевки и ги исправува забите, туку им овозможува на ортодонтите да ги истакнат и промените на лицето. При поставување на терапијата се зема во предвид индивидуалниот профил на секое лице и воздраста на пациентот. Постои општа заблуда дека сите протези и ортодонтски третмани се исти, но за разлика од останатите, овој ортодонтски систем го избегнува агресивното дејство врз коските и околните меки ткива кои ги поддржуваат и опкружуваат забите. Со сите опции што се достапни денес, поважно од било кога е внимателно да се избере каков тип на протези и технологија се користат.
DAMON системот е повеќе од самолигирачки брекет. Тој е комбинација на пасивни самолигирачки брекети, лакови со најсовремена технологија, клинички дефинирани фази на терапија и примена на благи контролирани сили.
ЗОШТО DAMON СИСТЕМОТ Е РАЗЛИЧЕН ОД ДРУГИТЕ
- Овој револуционерен систем користи уникатни пасивни самолигирачки брекети и лаци кои со многу благи сили, слични на природните биолошки сили, без додатно затегнување постигнуваат задоволителни резултати.
- Го намалуваат времето на лекување и клинички е докажано дека со користење на овој систем се избегнува употребата на екстраорални ортодонтски помагала, експандери или екстракции на заби, со што се добиваат брзи резултати и поголема комфорност на пациентот.
- DAMON системот нуди два вида на брекети: метални и естетски.
- DAMON металните брекети (DAMON Q) се помали, што ги прави полесни за чистење и се помалку забележителни. Имаат дополнителен слот за лаци и слот за куки на секој брекет. Изградени се од висококвалитетен нерѓосувачки медицински челик 17-4, што овозможува заштита на брекетот до крајот на терапијата.
- DAMON естетските брекети (DAMON CLEAR) се изработени од поликристален алумин PCA, што овозможува брекетот да не ја менува бојата до крај на терапија. Тие се скоро провидни и лесни за чистење. Базата на секој од брекетите е анатомски дизајнирана според забот на кој се поставува. Ретенцијата кај овие брекети е добиена со ласерска обработка на базата.
DAMON системот нуди избор на торкови во зависност од аномалијата на секој пациент поединечно.
- Лесното отварање на брекетите е овозможено со посебен инструмент за отварање. Инструментот се поставува во слотот за отварање и се ротира за 90 о без употреба на голема сила.
- Иако времетраењето на третманот може да варира сепак научно е докажано дека со DAMON системот третманот трае пократко за околу шест месеци отколку со класичните протези. Контроли се прават на 8-12 недели.
Линк за DAMON терапија: https://mysmileconsult.com/
Покрај DAMON системот во палетата на производи на светската компанија ORMCO се вклучени:
- Адхезиви и еластичен програм
- Ортодонски лаци и помошни средства
- Класични протези и туби
- Ортодонски инструменти
- Мини импланти
Контакт
Доколку сте заинтересирани за асортиманот на Веледрогерија Орто Дента ЕС, чувствувајте се слободно да стапите во контакт со нашиот тим од продажни експерти.