STYLAGE
НАУКАТА ПРЕВЕДЕНА ВО ВРВНИ ИНОВАЦИИ
Stylage вклучува серија на иновативни монофазни инјекциони дермални филери кои содржат хијалуронска киселина и антиоксиданси: манитол или сорбитол. Vivacy Laboratories произведуваат Stylage хијалуронски филери со и без вклучен лидокаин, за оние пациенти кои се алергични на оваа состојка.
ЕДИНСТВЕНИ НА ПАЗАРОТ
Пазарот е преплавен со различни дермални филери но секогаш има простор за подобрување, па поради тоа најпрестижната француска компанија Vivacy Laboratories ги создаде хијалуронските филери Stylage. Тие користат уникатна патентирана IPN технологија за да ги врзат молекулите на сите состојки за да постигнат хомогена и вискозна конзистентност на филерите.
Состав: хијалуронска киселина, манитол или сорбитол, лидокаин
Хијалуронска киселина
Хијалуронската киселина природно се наоѓа во телото, што значи дека првенствено е безбедна супстанција. Но, со стареењето нејзината количина се намалува, поради што се јавува потреба за надоместување на овој губиток.
Хијалуронската киселина врзува и до 1000 пати повеќе вода од својата тежина, поради тоа ја зголемува хидратацијата на кожата и мукозните мембрани, а поволно влијае и на колагенот кој дава поддршка и еластичност на кожата.
Манитол и сорбитол
Сорбитолот и манитолот се антиоксиданси кои се борат против слободните радикали, кои се ослободуваат при инјектирање, со што се намалува разградувањето на хијалуронската киселина. Тие исто така дејствуваат како термички стабилизатори па поради тоа Stylage хијалуронските филери се стабилни на температури до 62оC.
Лидокаин
Оваа состојка го намалува преносот на болни нервни импулси. Естетската лабораторија Vivacy Laboratories всушност прва го вклучи лидокаинот како локален анестетик во своите препарати и на тој начин создаде вистинска револуција во областа на естетската медицина.
ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО И АПЛИКАЦИЈА
Vivacy ја патентира IPN® технологијата (Interpenetrated Network), структура која се состои од две еднофазни вкрстено поврзани мрежи A и Б, кои даваат интерпенетрирана мрежа, т.е. еднофазна мрежа слична на IPN. Благодарение на оваа иновација, постигната е единствена комбинација на вискозност и еластичност на гелот, што овозможува примена на филери на различни длабочини и прилагодување на различни хистолошки ткивни структури. Со оваа технологија на производство на Stylage хијалуронските филери се постигнува: лесно апликација и дистрибуција на материјалот, потпора на кожата и ефект на затегнување.
Специјалната технологија за вбризгување Bi-SOFT се карактеризира со специфичен нов систем за вбризгување, произведен од Vivacy Laboratories. Специјалниот шприц е резултат на долгогодишно истражување со цел практичната примена на филерите да се направи неспоредливо полесна и поефикасна.
Со технологијата за вбризгување Bi-SOFT, Stylage се фокусира на инструмент за вбризгување направен од проѕирен поликарбонат со пријатна, нелизгава, мека површина на допир. Дизајнот во пет различни бои го олеснува разликувањето на производите. Овој нов инструмент за инјектирање овозможува намалување на притисокот за инјектирање, што го прави третманот уште поудобен. Неговиот ергономски дизајн придонесува за поудобна примена за докторот и за пациентот.
РЕШАВАЊЕ НА ШИРОК СПЕКТАР НА ПРОБЛЕМИ И ЕФЕКТИ
Stylage хијалуронските филери се наменети за:
- Третман на брчки околу очите
- Подобрување на волуменот и асиметријата на усните
- Дефинирање и корекција на контурите на лицето
- Обновување на губитокот на волуменот на лицето
- Истакнување на јагодици
- Подобрување на еластичноста и хидратацијата на кожата
СО ШТО СЕ РАЗЛИКУВААТ STYLAGE ОД ДРУГИТЕ ФИЛЕРИ?
Филерите кои се наменети за апликација во регијата под очите не се погодни за секого. Имено, пациентите мора да имаат добра еластичност на кожата околу очите, како и соодветна дебелина на кожата за да можат да се подложат на оваа процедура. Stylage хијалуронските филери содржат антиоксиданс манитол кој помага да се неутрализираат слободните радикали под површината на кожата, што значи помалку оток, црвенило и иритација во споредба со другите филери, па поради тоа Stylage хијалуронските филери се поволни за апликација во деликатната регија под очите.
Stylage се целосно биокомпатибилни и биоразградливи, па како такви, овие производи претставува најбезбеден избор на хијалуронски филер кај луѓе кои се склони кон алергиски реакции.
Што е најважно, филерите Stylage се разградуваат побавно од повеќето други дермални филери базирани на хијалуронска киселина, со што придобивките од третманот траат подолг временски период. Оваа карактеристика ги прави Stylage хијалуронските филери исплатлива опција за разубавување.
Контакт
Доколку сте заинтересирани за асортиманот на Веледрогерија Орто Дента ЕС, чувствувајте се слободно да стапите во контакт со нашиот тим од продажни експерти.